Станбен кредит за млади

Твој прв дом – со рата што можеш да ја планираш и рок на отплата до 30 години

Спремен си за твојот прв дом?

Првиот дом е голема одлука — особено кога штотуку ја градиш својата кариера и внимателно го планираш месечниот буџет.

Затоа станбениот кредит е осмислен да ти овозможи полесен почеток, со можност за пониска и поприлагодена рата во првите 5 или 10 години од отплатата. Така, можеш да направиш сигурен чекор кон сопствен дом, без голем притисок врз секојдневните финансии.

Како што се развиваат твојата кариера и приходите, така и отплатата може да продолжи со рата усогласена со твоите идни можности.

Твојот дом започнува со рата што се прилагодува на твојот животен ритам! A ние ќе ти помогнеме да го започнеш твојот пат до сопствен дом преку дополнителни поволни услови за млади – фиксна каматна стапка и можност за вклучување на полиса за животно осигурување со што обезбедуваш сигурност за твојата иднина!

Максимален износ

400.000 ЕУР

Каматна стапка

почнувајќи од 3,30%*

Рок на отплата

30 години

Сопствено учество

почнувајќи од 10%

*Каматната стапка важи при користење на пакет-понуда (дозволено пречекорување и кредитна картичка)

Каматни стапки

Намена на кредитот

Купување на недвижен имот (стан, куќа)

Доградба/надградба на станбен простор согласно доставен проект и дозвола за градба

Рефинансирање на станбен кредит во друга банка

Трошоци

Административен трошок

до 4000 МКД еднократен трошок

Провизија за МКБ

450 МКД еднократен трошок

Провизија за аплицирање

900 МКД еднократен трошок

Доколку купувате недвижност во тек на градба, Шпаркасе банка соработува со следните градежни фирми

5 чекори до станбен кредит

Често поставувани прашања