Финансиска писменост за сите

FIT+ Финансиски компас: Направете чекор кон подобро финансиско здравје

Доброто финансиско здравје започнува со знаење, здрави навики и правилно планирање. Иако финансиските теми понекогаш можат да изгледаат сложени, со FIT+ сакаме да ги направиме појасни, поедноставни и поблиски до вашето секојдневие.

Како FIT+ може да ви помогне?

Преку практични совети од нашите експерти, ќе можете:

  • Подобро да ги разберете вашите финансии
  • Полесно да ги следите приходите и трошоците
  • Да ги препознаете навреме областите во кои постои простор за подобрување
  • Да изградите подобри финансиски навики за иднината

Што претставува Финансискиот компас?

Финансискиот компас е алатка за општа и информативна самопроценка, креирана врз основа на вашите одговори.

* Важно е да знаете дека резултатот од Финансискиот компас обезбедува општ увид во вашите финансиски навики и моментална состојба, помагајќи ви да ги препознаете областите во кои постои простор за подобрување. Сепак, тој има исклучиво информативен карактер и не претставува детална финансиска анализа, индивидуален финансиски совет, кредитна проценка или понуда за конкретен производ или услуга.

За сеопфатна анализа на вашата финансиска состојба, ве очекуваме во најблиската експозитура.

Детална анализа на вашите финансии

Стручни финансиски совети

Персонализирани насоки според вашите потреби и цели

Решенија кои ќе ви помогнат полесно да ги остварите вашите планови

Вашето финансиско здравје започнува со еден чекор

Направете ја самопроценката денес и откријте каде се наоѓате на патот кон подобра финансиска иднина.