
Студентски оброк
*Само студентите кои аплицираат за прв пат потребно е да пополнат податоци на платформата
Драги студенти,
Со особена чест и задоволство Ве информираме дека Шпаркасе Банка ќе биде Ваш партнер и поддршка во процесот на имплементација на Законот за студентски оброк, во согласност со нефинансискиот Договор склучен со Министерството за образование и наука.
Што треба да знаете:
- Наменска картичка: Субвенционираниот студентски оброк ќе може да се користи исклучиво преку наменската студентска картичка.
- Средства: Секој студент кој го остварил правото на субвенциониран оброк ќе има на располагање 140 денари за секој работен ден, од понеделник до сабота.
- Максимален неделен износ: На студентот може да му бидат достапни до 840 денари неделно (6 × 140 денари).
- Период на користење: Средствата се достапни за користење од понеделник до сабота, освен во периодот од 1 јули до 1 октомври, како и за време на државни празници и неработни денови.
- Каде може да се користат: Средствата се наменети за купување приготвена храна и прехранбени производи, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна и прехранбени производи.
- Подигнување на картичката: Бидејќи наменската картичка е единственото средство преку кое може да се користи субвенционираниот студентски оброк, важно е секој студент навремено да ја подигне.
- Не треба однапред да отворате сметка: Студентите кои се пријавиле или планираат да се пријават на јавниот повик немаат обврска однапред да отвораат сметка во Шпаркасе Банка.
- Следни чекори: По завршувањето на јавниот повик, Шпаркасе Банка ќе ги контактира селектираните студенти преку мобилниот телефон или e-mail адресата доставени преку онлајн платформата на Министерството за образование и наука.
- Дополнителни информации: Селектираните студенти ќе добијат конкретни насоки од Банката за понатамошните активности и подигнувањето на наменската картичка.
Надоместоци за денарска сметка, платежна картичка и Vibe on пакет
Отварање на сметка
Без надоместОдржување на сметка и пакет Vibe on
Без надоместок *По навршување на 25 години и/или губење на статусот студент, бестплатниот пакет за млади автоматски преминува во Vibe On + пакет за млади, дел од тековната понуда на банката.Начин на пријавување:
1.Аплицирајте на страницата на МОН
Пријавете се електронски на следниот линк: Јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година
МОН ќе го извести секој кандидат за статусот на пријавата
2.Инфо од Шпаркасе Банка Ажурирај се
Банката ќе контактира со селектираните студенти да ги Ажурираат своите податоци на онлајн платформата https://netbanking.mk/portal/studentportal/
3. Подигнете ја новата Виза картичка
Секој студент ќе добие навремена информација на СМС за местото и за времето на подигнување на сопствената картичка.
4.Активација на картичката
Картичката немате обрска да ја активирате, ќе биде активна најдоцна следниот ден по потпишување на документацијата односно врачувањето на картичките. Картичката можете да ја користите со впишување на ПИН-от кој предходно го добивте по СМС.
Погледнете го упатството за добивање на ПИН по СМС и упатството за најава на S-Banka
Често поставувани прашања - субвенциониран студенски оброк
Согласно Јавниот повик објавен од Министерство за образование и наука, секој студент кој ги исполнува условите треба да се пријават електронски на следниот линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk/. При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и потпишани да ги прикачат кон електронската апликација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ преку која се пријавуваат за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.
Сите студенти кои сакаат да се пријават на јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран оброк, потребно е да ги исполнуваат следните услови:
1. Кои се државјани на Република Северна Македонија;
2. Кои се редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во Републиката:
3. Кои немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.
Сите студенти кои го пропуштиле првиот рок или не исполнувале некој од условите додека траел рокот за пријавување, ќе можат да се пријават следниот месец објавен на страната на MOН.
Банката ќе контактира со селектираните студенти да ги Ажурираат своите податоци на онлајн платформата Sparkasse Banka Web Retail .
Кога ќе се најавите на платформата, ќе добиете код на е-маил кој ќе треба да го внесете за да продолжите со пополнување на податоците.
На платформата потребно е да пополните лични податоци и да скенирате лична карта/пасош прва и втора страна со цел да се комплетира документацијата потребна за издавање на кобрендираната картичка и пакетот услуги .
Пристапот на линкот ќе биде ограничен само за студентите кои се пријавиле на повикот на МОН. За повеќе информации јавете се на +389 2 15050.
Платформата ќе биде отворена неколку дена и ќе биде достапна 24/7.
Задолжително е потребно да ги имате пополнето податоците пред датумот на потпишување на документацијата во Банката и подигање на кобрендираната платежна картичка.
Податоците на платформата е потребно да се целосно пополнети, во обратен случај платформата нема да дозволи да ја зачувате апликацијата.
Доколку имате дополнителни прашања или проблем со платформата, контактирајте не на 02/15050 или на е-маил адресата studentimon@sparkasse.mk.
За точна информација за локацијата и времето кога треба да дојдете за потпишување на документацијата ќе ви испратиме СМС порака.
Важечка лична карта или пасош.
Рамковен договор за платежна сметка и пакет услуги, ПИН/ови за активирање на картичките и КОД/ови за S-Banka
Доколку е корисник на Лајка, Мтел и Телекабел, ПИН-от и КОД-овите ќе ги добијат испечатени.
Со една посета на Банката, ќе ги имате на користење и кобрендираната картичка и пакетот услуги на Шпаркасе Банка.
*Студентите кои нема да се стекнат со право на студенстки оброк со пријава на платформата на Шпаркасе Банка и се согласиле за користење на VIBE ON, ќе може да го користат само пакетот за млади.
Во период на користење на МОН студенстката картичка, студентите ќе можат да го користат и пакетот за млади VIBE ON.
Кобрендираната картичка и производите од пакетот: платежна сметка, дебитна картичка и S-Banka ќе бидат активни следниот ден по потпишување на документацијата односно врачувањето на картичките. КОД-ови ќе се испраќаат во два наврати, во период од 3 дена.
3 години.
Не е само за увид туку ќе може да се прават и трансакции.
Доколку не се подигне кобрендираната студентска картичка, студентот нема да може да ги користи средствата за студенстки оброк. Доколку закаснето ја подигне, треба да се има предвид дека од моментот кога картичката ќе стане активна, од тој ден ќе може да ги користи и средствата, ретроактивно нема да може да се користат. Пример ако ја подигне картичката на 10.10, ги губи средствата од 01-10.
Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври.
Картичката е без трошок за вадење, користење.
Пакетот е бесплатен за млади од 15 до 24 години.
Картичката можете да ја користите на физички и виртуелни ПОС терминали регистрирани под дејности ресторани за брза храна, ресторани, пекари и маркети, односно правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.
Неискористените средства не се префрлаат за наредна недела, истите мора да се искористат во тековната недела . На оваа картичка неможе да се уплаќаат средства од корисникот, туку само од МОН.
Со посета на некоја од експозитурите на Банката.
Во ваков случај обратете се на контакт телефонот 02/15050.
Без трошоци за затворање/реиздавање на кобрендираната картичка, додека за пакетот за млади трошоците се според тарифата на Банката.
Дознајте повеќе за Vibe on бесплатниот пакет:
Vibe on пакетот вклучува:
- Ослободување од провизија за месечно одржување на платежна сметка
- Ослободување од членарина за дебитна картичка
- Ослободување од провизија за месечно одржување на S-Banka мобилна апликација со привилегија плаќање (БЕСПЛАТНО плаќање на пријател преку телефонски именик; подели сметка со пријател преку телефонски именик)
- Четири БЕСПЛАТНИ подигнувања на готовина месечно на АТМ од било кој АТМ во земјата (надвор од мрежата на Шпаркасе)
- БЕСПЛАТНО неограничено вршење трансфери (плаќања) со безготовински налози (хартиено и електронски) за факултетски услуги преку ПП30/ПП50 (такси, испити, партиципација и сл.) и останати трансфери (ПП30 интерно и екстерно);
- БЕСПЛАТНО менување ПИН на дебитна картичка (на АТМ);
- БЕСПЛАТНА обнова на истечена дебитна картичка;
- Три БЕСПЛАТНИ проверки месечно на состојба на сметка преку ATM;
- Едно БЕСПЛАТНО реиздавање на ПИН на барање на имателите на платежни картички;
- Една БЕСПЛАТНА ре-изработка на изгубена / украдена / оштетена картичка / промена на лични податоци;
- БЕСПЛАТНО одржување на платежна сметка со валута различна од денар
По навршување на 25 години, бесплатниот пакет за млади автоматски преминува во Vibe On + пакет за млади, дел од тековната понуда на банката.
Пакет услуги кои се приспособени и го следат чекорот на студентите. Плаќате во движење, ја следите состојбата на вашата сметка и подигнувате средства од АТМ без провизија на сите АТМ-и на ниво во Групација каде и да сте.