Што претставува Банкoосигурување

Со овој термин се именуваат производите кои претставуваат микс од банкарски и осигурителни продукти  кои нудат можност за различни покритија, при што осигурувањето значи заштита на клиентот и најблиското семјство во случај на осигурен настан.

Овие производи нудат можност за различни покритија на осигурени настани како што се: загуба на живот, губење на деловна способност, траен инвалидитет, губење на работа.

Шпаркасе Банка АД Скопје во согласност со најновите трендови во банкарската индустрија, континуирано ги  надградува темелите на банко осигурувањето, со комбинирање на традиционалните банкарски производи со осигурителни услуги.

Шпаркасе Банка АД Скопје е лиценциран агент за продажба на полиси од класите за животно и неживотно осигурување.

Животно осигурување во Шпаркасе Банка ги покрива следните типови на осигурување:

  • Осигурување од последици на несреќен случај – незгода,
  • Осигурување на живот,
  • Можност за дополнително осигурување .

Неживотно осигурување во Шпаркасе Банка ги покрива следните типови на осигурувања:

  • Осигурување на имот од пожар и природни непогоди
  • Други осигурувања на имот
  • Осигурување во случај на неможност за враќање на кредити
  • Автоодговорност
  • Зелена карта
  • Каско осигурување

Согласно Правилникот за формата, содржината и начинот на водење регистри на застапници во осигурувањето и осигурителни брокери од страна на друштвата за осигурување, осигурително брокерските друштва и друштвата за застапување во осигурување (“Службен весник на РМ” бр. 41/2011 и 50/2015) објавуваме листа на лиценцирани застапници во осигурување, вработени во Шпаркасе Банка кои го имаат положено стручниот испит за застапник во осигурување.

Регистар на застапници

Кредитно животно осигурување со месечна премија

Кредитно животно осигурување еднократна премија "Без ризик"

Животно осигурување Лајф инвест 2

Имотно осигурување

Пензиско осигурување

Осигурување од неможност за враќање на кредит со еднократна премија