
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА - БАНКООСИГУРУВАЊЕ
Одговори на најчесто поставувани прашања.
- Винкулација е документ со кој што се врши условување на сопственичкото право кај хартии од вредност (полиси за осигурување) од страна на заложниот доверител.
- Документот се дава во форма на изјава за винкулација, со која што се пренесуваат (винкулираат) правата на сопственикот на предметот на осигурување, во корист на заложниот доверител – винкулантот.
- Со оваа изјава заложниот доверител (банката) добива првенствена улога при исплата на штета, бидејќи правата по полисата се пренесени во негoва корист.
- Доколку заложниот доверител (банката) се согласи, тогаш средствата од надоместот на штета можат да бидат исплатени во корист на осигуреникот (наследниците).
- Да, полисата е задолжителна. Банката соработува со Триглав АД и нуди одлични осигурителни покритија со 30% попуст за своите клиенти во споредба сo регуларните цени во самата осигурителна компанија.
- Цената (премијата) зависи од квадратурата на имотот, договорена цена со Шпаркасе е 400евра/м2.
- Цената (премијата) се плаќа еднократно и секоја година се обновува. На пример за 80m2 цената е 2042мкд.
- Полисата за кредитно животно осигурување е задолжителна за сите потрошувачки кредити. За обезбедените кредити полисата не е задолжителна. Цената (премијата) на полисата се пресметува со фиксни проценти од износот на одобрениот кредит.
- CPI полисата претставува осигурување на ризик во случај на неможност за враќање на кредит како последица на следните 4 ризици:
- настапување на смрт поради незгода (несреќен случај);
- настапување на траен инвалидитет поголем од 50% поради незгода (несреќен случај);
- привремена спреченост за работа (боледување) поради незгода (несреќен случај) или болест;
- престанок на работен однос (невработенст) инициран од страна на работодавачот поради деловни причини.
- Цената на полисата, односно износот на премијата која што клиентот треба да ја плати со цел обезедување на ваков тип на полиса, изнесува 2,62% од износот на кредитот. На пример за кредит одобрен на износ од 100.000,00 МКД премијата ќе изнесува 2.620,00 МКД (100.000 х 2,62%).
- Постои можност сите кокорисници да бидат осигурани со полиса за кредитно животно осигурување и тоа 100% од недоспеаната главница на кредитот кај полисите со месечен на начин на плаќање.
- Полиса за кредитно животно осигурување може да има секој здрав или условно здрав клиент со пристапна старост од 18г до 65г.
- Полисата мора да престане со важност на 70 години.
- Може да се интегрира осигурителната премија и на постоечките кредитни договори по желба на клиентите со потпишување на анекс на постоечкиот договор за кредит.
- Доколку е пријавен случај на осигурен настан во нашите експозитури се комплетира потребната документација за пријава на штета и се испраќаат до осигурителната компанија.
- Полисата за животно осигурување со инвестициски фонд (Unit Linked) е финансиски производ кој комбинира животно осигурување со можност за инвестирање во различни инвестициски фондови.
- Оваа полиса му овозможува на осигуреникот да избере како да ги распределува своите средства помеѓу осигурувањето и инвестициите, со цел да постигне потенцијален капитален раст.
- Третиот пензиски столб е доброволен систем кој ви овозможува да штедите за дополнителна пензија преку индивидуална сметка. Средствата што ги уплаќате се ваши лични средства, не се користат за исплата на туѓи пензии и се предмет на наследување. Можете да ги користите 10 години пред пензионирање.