Имотно осигурување
Домот е место каде што се раѓаат нови идеи, место каде што се кројат планови, се нижат желби, место кое изобилува со топлина, радост, среќа, место каде што се чувствуваме сигурно, сакано, удобно. Но домот и покуќнината кој го поседувате во секој момент можат да бидат оштетени од многубројни ризици: пожар, експлозија,поплава, земјотрес,провална кражба.
Шпаркасе Банка АД Скопје e лиценциран застапник на Триглав Осигурување АД Скопје во продажба на полиси од класите:
08 - Осигурување на имот од пожар и природни непогоди
09 – Други осигурувања на имот
13 - Општо Осигурување од одговорност
Наменет е за сите клиенти на Шпаркасе Банка АД Скопје (без разлика дали аплицираат за нов кредит, имаат постоечки или воопшто немаат кредит со хипотека).
ПАКЕТ ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОМОТ вклучува:
- Пожар и други опасности (Пожар, Удар од гром, Експлозија, Луња, Град, Манифестации и демонстрации, Паѓање на летало, Лизгање и одронување на земјиште, Снежни лавини , Излевање на вода)
- Провална кражба и разбојништво
- Дом асистенција (водоинсталатер,електричар,бравар,столар)
- Одговорност кон трети лица
Ваши придобивки:
- При настанат штетен случај клиентот директно контактира со осигурувачот
- Триглав осигурување ја исплаќа штетата на банката согласно винкулацијата
- Специјален попуст за како клиент на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Со мала инвестиција обезбедете заштита и сигурност на домот