КРЕДИТНО ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ЕДНОКРАТНА ПРЕМИЈА „Без Ризик“
Шпаркасе Банка АД Скопје во соработка со осигурителна компанија Winner Life го нуди производот “Без ризик” со кој се гарантира дека доколку се случи несакан настан, осигурителот ќе ја плати недоспеаната главница од кредит која кредитокорисникот ја должи во Банката. Премијата се пресметува на основа на групно осигурување на живот и се наплаќа еднократно.
Наменет е за сите кредитобаратели/ко-кредитобаратели на Шпаркасе Банка АД Скопје со пристапна возраст до 65 години кои аплицираат за нов кредит до 10.000 евра, и/или имаат постоечки кредит во Шпаркасе Банка АД Скопје.
За вработени во буџетски институции и јавни претпријатија.
Покриени ризици:
- Загуба на живот како резултат на несреќен случај / незгода
- Загуба на живот како резултат на болест
Ваши придобивки:
- Финансиска сигурност за најблиските членови на семејството при осигуран настан
- Живот без долгови на идните генерации
- Уживање во сегашноста без грижи за случувањата во иднината
- Осигурена сума е еднаква на износ на кредит