Животно осигурување Лајф инвест 2
Шпаркасе Банка АД Скопје, во соработка со Winner Life, како стратешки долгорочен партнер и инвестицискиот фонд WFP Грац Австрија, го збогатува своето портфолио на осигурителни производи, преку воведување на нов производ – Unit Linked, кој нуди животно осигурување со инвестирање.
Финансиски продукт на Winner Life е еден од најбараните производи кој нуди животно осигурување со штедна компонента, т.е. осигурително покритие во случај на осигурен настан со можност за инвестирање и добивка, преку инвестицискиот фонд WFP Грац, Австрија.
Производ е наменет за сите клиенти на Шпаркасе Банка АД Скопје .
Потребни услови за склучување на полиса:
- Минималната годишна уплата изнесува 300 евра
- Овој продукт е наменет за секое лице на возраст од 14–65 години
- Во случај на смрт, осигурената сума ја избира осигуреникот и истата може да изнесува од 30% до 150% од уплатените премии
- Времетраењето на осигурувањето може да биде од 10 до 25 години
- Максималниот период на траење на ова осигурување е до навршени 75 години на клиентот
- Како договорувач на осигурувањето, освен физички лица, може да се јават и правни лица
- Начин на плаќање: месечно, квартално, полугодишно и годишно
Ваши придобивки
- Штедна функција, осигурување и инвестиција за Вас и Вашето семејство
- За успешното инвестирање и оплодување на Вашите средства се грижат експерти во својата област
- Можност за дополнително осигурување од траен инвалидитет како последица од несреќен случај и дневен надомест за болнички денови
- Можност за дополнително осигурување во случај на операции
- Можност за дополнително осигурување во случај на тешки болести
- Вредноста на вашата инвестиција е заштитена со валутна клаузула
- Осигурувањето важи 24/7 насекаде во светот
- Станувате индиректни акционери во странски познати компании
- Истовремено инвестирање во два фонда, каде што Вие определувате колку проценти од Вашата инвестиција ќе оди во кој фонд