
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА - ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Одговори на најчесто поставувани прашања.
- Државните хартии од вредност (ДХВ) се хартии од вредност кои во име на Владата на Република Македонија ги издава Министерството за финансии. ДХВ се продаваат преку аукции кои се организирани преку Агентот на Министерството за Финансии, а тоа е Народната Банка на Република Македонија. На аукциите директно можат да учествуваат само овластените директни учесници , а останатите заинтересирани резиденти и нерезиденти можат да учествуваат индиректно, односно, преку банките.
- Номиналната вредност на една ДХВ е 10.000,00 денари. Државните записи се краткорочни хартии од вредност со рок на достасување до 12 месеци а се издаваат и исплатуваат по номинална вредност, а се уплатуваат по дисконтирана вредност. Државните обврзници се долгорочни хартии од вредонст со рок подолг од 1 година , се издаваат и исплатуваат по номинална вредност, додека до нивното достасување се плаќа полугодишна или годишна купонска камата.
- Граѓанска обврзница е долгорочна должничка хартија од вредност со рок на достасување подолг од една календарска година од денот на издавање, која ја издава Република Северна Македонија со цел прибирање на парични средства.Номиналниот износ на една граѓанска обврзница изнесува 10.000 денари. На имателите на граѓанска обврзница им се исплатува фиксна камата еднаш годишно, а обврзницата достасува по истек на периодот на кој е издадена. Граѓанската обврзница може да ја купуваат физички лица – државјани/граѓани на Република Северна Македонија.
- Шпаркасе Банка АД Скопје како директен овластен учесник на примарниот и секундарниот пазар , ви се овозможува стекнување државни хартии од вредност од примарна емисија, како и тргување со постојните портфолија на секундарниот пазар.
- За да се учествува на аукција на државни хартии од вредност потребно е да:
- склучите Договор за посредување,
- доставите Барање за учество на аукција,
- и да извршите уплата на паричниот износ за учество на аукцијата и провизијата за тргување.
- Проспектите за аукциите се објавуваат четири работни денови пред денот на одржување на аукцијата на веб-страницата на Министерството за финансии, согласно Календарот за емисија на државни хартии од вредност.
- Секундарниот пазар на државни хартии од вредност го опфаќа купувањето и продажбата на веќе издадените државни записи и обврзници од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Тргувањето се одвива во директен контакт меѓу купувачите и продавачите, популарно наречено - преку шалтер (over-the-counter).
- За реализација на ваков тип трансакции потребно е да доставите Инструкции за порамнување на трансакции на пазар преку шалтер и да склучите со Банката Договор за посредување.
- Шпаркасе Банка Скопје АД има ексклузивна можност за излез на странските финансиски пазари преку ERSTE GROUP BANK AG и пристап до различни видови на хартии од вредност со фиксен принос кои се тргуваат на Пазарот преку шалтер е организиран пазар на кој купувачите и продавачите се поврзани преку системите за тргување и купуваат и продаваат хартии од вредност надвор од регулираните пазари- берзи.
- Со понудата на еврообврзници и државни обврзници во странска валута, банката им обезбедува на клиентите атрактивна можност за диверзификација на нивните портфолија и пристап до глобалните економии. Овие се должнички инструменти издадени од влади, деноминирани во странски валути, кои нудат фиксен доход и изложеност на меѓународни пазари
- За реализација на ваков тип трансакции потребно е да доставите Барање за купување/продавање на хартии од вредност со фиксен принос на странските пазари преку шалтер и да склучите со Банката Договор за посредување