Граѓанска обврзница

ГРАЃАНСКИ ОБВРЗНИЦИ

Шпаркасе Банка АД Скопје, во својство на овластен директен учесник на аукциите на граѓански обврзници организирани од Министерството за финансии на Република Северна Македонија, ги застапува физичките лица (државјани на РСМ) во процесот на издавање на граѓанските обврзници.

Што е граѓанска обврзница?

Граѓанската обврзница е долгорочна должничка хартија од вредност со рок на достасување подолг од една календарска година од денот на издавање.
Издавач е Република Северна Македонија, со цел прибирање на парични средства.

Гарант на обврските од издадената граѓанска обврзница е Република Северна Македонија, а Шпаркасе Банка е посредник меѓу граѓаните и државата.

Обврзниците можат да ги купуваат физички лица – државјани на Република Северна Македонија, кои се клиенти на Банката.

Проспект и услови на издавање

За секоја новоиздадена граѓанска обврзница, Министерството за финансии објавува Проспект пред почетокот на аукцијата.
Во проспектот се дефинирани следните елементи:

  • Денови на достасување
  • Каматна стапка
  • Вкупен износ на издадената обврзница
  • Време на прием на понуди
  • Девизна клаузула (доколку постои)
  • Ознака на аукцијата и други релевантни детали

Потребни документи за учество на аукција

За учество на аукција потребно е да се достават следните документи:

  1. Барање за учество на аукција
  2. Договор за посредување на примарен пазар на државни хартии од вредност за граѓански обврзници издадени од РСМ
  3. Налог за уплата на номинален износ (главница) и налог за уплата на провизија

Провизии и надоместоци

За посредување при купување државни хартии од вредност на примарен пазар,
Банката наплаќа надоместок согласно Тарифата за надоместоци, достапна на веб-страницата на Банката.

  • Провизијата за производот изнесува 0,12% од номиналниот износ на аукцијата,
    со минимум од 300 МКД.

Начин на аплицирање и тргување

Секој заинтересиран граѓанин кој сака да купи граѓанска обврзница треба да достави Барање до овластена деловна банка, учесник на аукциите.

За купување преку Шпаркасе Банка АД Скопје,
Барањето за купување на граѓанска обврзница може да се поднесе во која било експозитура на Банката.

Иницијалната продажба на граѓанските обврзници се врши преку аукции,
а дополнително постои можност и за секундарно тргување – продажба или купување пред датумот на достасување на обврзницата.