ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА - ДЕПОЗИТИ
Одговори на најчесто поставувани прашања.
- Пред да се отвори денарски или девизен паричен депозит, задолжително на клиентот треба да му се отвори платежна сметка во денари или платежна сметка во девизи, доколку истиот ја нема. Отворањето на сметка и штеден влог може да се направи на сите благајни или во експозитурите на Банката.
- Нема услов за пренос на плата. Секој клиент може да стане депонент во Шпаркасе Банка.
- Штедење по видување обично се применува доколку клиентот сака да има во секој момент средства на користење за трошење, за префрлање на други лица или за разни плаќања.
- Средствата се орочуваат доколку клиентот има намера да штеди, а по однос на рокот на штедење може да одлучи според потребата кога сака да го добие износот од камата по истекот на рокот.
- Орочените средства можат да се подигнат и пред истекот на рокот на орочување - целосно или делумно, но на подигнатиот износ се пресметува камата по каматна стапка како на штеден влог (паричен депозит) по видување.
- Кај паричниот депозит Флекси + Депозит има можност за повеќекратни и неограничени износи на дополнување на средства (уплатите може да се прават преку шалтерите на банката, со отворање на траен налог и преку електронско банкарство само за валута МКД) и можност за повеќекратни повлекувања од депозитната сметка, до минимилниот износ за одржување на депозитот т.е. 30.000 МКД / 500 ЕУР (исплатите се овозможени преку шалтерите на банката).
- Да, може. Медо Штедо и Скалест депозит се парични депозити наменети за клиенти до 18 години на кои има можност за дополнителни уплати. Задолжително на малолетното лице, му се отвора платежна сметка во денари или платежна сметка во девизи, доколку истото ја нема. Отворањето на сметка и штеден влог може да се направи на сите благајни или во експозитурите на Банката. Потребен е извод на родени и присуство на законските застапници или законскиот старател.
- Сите депозитни сметки се осигурани во Фонд за осигурување на депозити (осигурувањето на депозити е до 30.000 ЕУР по депонент во банка).