
Депозит прогрес
Орочен депозит со растечка каматна стапка и можност за вложување дополнителни износи на иницијално отворениот депозит
Корисници:
- Полнолетни лица, резиденти и нерезиденти со платежна сметка во ШБС
- Малолетни лица, резиденти и нерезиденти претставувани од нивниот законски застапник – родители или старател
Фиксни растечки каматни стапки за целиот период на орочување
Каматната стапка се зголемува во секој нареден период (92 дена,183 дена, 6 месеци) од вкупниот рок.
Валута: МКД / ЕУР
Рок на орочување:
- 4 периоди х 92 дена = 368 дена (1 година)
- 4 периоди х 183 дена = 732 дена (2 години)
- 6 периоди х 6 месеци =36 месеци (3 години)
Минимален износ на вложување : 15.000 МКД / 250 ЕУР
Максимален износ на дополнително вложување– иницијалниот износ помножен со 10, но не поголем од 6.000.000 МКД/ 100.000 ЕУР
Можност за дополнителни вложувања – минимален износ да е 50 ЕУР или 50 ЕУР во денарска противвредност по среден курс на НБСРМ.
Дополнителни уплати кон депозитот со траен налог, на шалтер и уплати преку мобилно и електронско банкарство само кај депозитите во МКД.
Депозитот по автоматизам се преорочува под услови валидни на денот на преорочување.
Исплата на камата:
- по истекот на секој период од вкупниот рок
- капитализација на камата – при започнување на секој нов период пресметаната камата од претходниот период се капитализира односно се додава на износот на депозитот и на неа се пресметува камата по каматната стапка за наредниот период
Дополнителни вложувања
- Во претпоследниот период може да се вложи само x2 од иницијалниот влог
- Во последниот период нема можност за вложување
- Можност за вложување x10 од иницијалниот влог
Предвремено повлекувaње на средства не е дозволено.
- Средствата од депозитната сметка може да се подигнат само целосно и во тој случај се раскинува Договорот за Депозит прогрес.
Камата за предвремено разрочување на депозитот
Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што:
- Доколку депозитот се раскинува пред истекот на првиот период Банката пресметува и исплаќа камата по видување.
- Доколку депозитот се подигне по истекот на првиот период, клиентот ја добива каматата за сите целосно изминати периоди, без затезна камата за предвременото прекинување на договорот.
Каматните стапки, по периоди, изнесуваат како што следи:
