Бесконтактно плаќање

Сигурно. Брзо. Лесно.

Шпаркасе Банка Македонија е една од првите банки која ја воведе бесконтактната технологија кај платежните картички од брендот Mastercard и Visa. Со бесконтактните картички трансакцијата ја извршувате самостојно - доволно е да ја доближите картичката до ПОС уредот и Вашата трансакција ќе биде реализирана за неколку секунди без внесување на PIN. 

Плаќајте без внесување на PIN за износи до 2.000 МКД со платежните картички од брендот Visa и платежните картички од брендот Mastercard. Со користење на Visa и MasterCard бесконтактните картичка немате причина за загриженост бидејќи плаќањето е максимално сигурно и брзо.

Брзо и едноставно плаќање

pin

износ под 2.000 МКД со Mastercard

без авторизација со PIN

pin

износ под 2.000 МКД со Visa

без авторизација со PIN

износ над 2.000 МКД со Mastercard

трансакцијата се авторизира со PIN

износ под 2.000 МКД со Visa

без авторизација со PIN

Упатство за користење:

 

1.     Доближете ја картичката до бесконтактниот читач на картици (ПОС уред).

2.     Ако износот на трансакцијата е поголем од 2.000 МКД со Mastercard или со VISA, внесете PIN.

3.     Купувањето е успешно реализирано.

  • контрола над картичката бидејќи не ја предавате во рацете на продавачот
  • брзината на плаќањето оневозможува копирање на податоци од картичката
  • нема можност за случајно плаќање бидејќи картичката мора да се доближи до уредот за плаќање
  • една трансакција не може да се наплати повеќепати, ако картичката не се доближи до уредот повеќе пати

Корисни совети:

  • редовно вршете проверка на прометот и состојбата на сметката која е поврзана со платежната картичка
  • никогаш не ја оставајте картичката надвор од видното поле
  • веднаш пријавете во банка доколку сметате дека вашата картичка е злоупотребена или изгубена
  • побарајте од трговецот слип како потврда за успешно реализирано плаќање

Сигурност пред се.

Шпаркасе Банка ги штити финансиските информации и приватноста на своите клиенти преку користење на високи сигурносни мерки.

Плаќањето со бесконтактните картички од брендовите Visa и Mastercard се одвива сигурно и брзо, поради тоа клиентите немаат причина за загриженост. Бесконтактната услуга е имплементирана според највисоките сигурносни стандарди, а комуникацијата помеѓу картичката и уредот каде се плаќа е пропишана со меѓународни стандарди.

Корисникот е обврзан редовно да ги следи трансакциите со бесконтактната картичка. Во случај на губење или кражба на картичката, корисникот мора веднаш да ја информира Банката на телефонскиот број 02 15 050.