ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА - КАРТИЧКИ
Одговори на најчесто поставувани прашања.
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА - КАРТИЧКИ
- Дебитната картичка е поврзана со вашата денарска платежна сметка и овозможува пристап до сопствените средства од сметката зголемени за износот на одобреното пречекорување.
- Кредитната картичка овозможува користење на средства до одобрен кредитен лимит од страна на Банката.
- Може да аплицирате во најблиската експозитура на Банката.
- Картичката е достапна во рок од минимум 4 работни дена во вашата матична експозитура. За побрзо издавање, можно е итно издавање со дополнителна провизија.
- Подигнувањето готовина од банкомати на Шпаркасе Банка е без провизија. Без провизија е и подигнувањето од банкомати на банките членки на Erste и Steiermärkische Sparkasse групацијата во одредени земји.
- Преку банкомат, електронско и мобилно банкарство или на шалтер. За кредитни картички, месечен извештај е достапен и преку е-маил.
- Да, картичките се меѓународно прифатени и може да се користат за плаќање и подигнување готовина во странство.
- Трицифрен број на задната страна од картичката, потребен за интернет плаќања. Препорачуваме користење на сигурни веб-страници со активирани услуги MasterCard 3D Secure или Verified by Visa.
- Веднаш јавете се во Контакт центарот на 02/15-050 за да ја блокирате веднаш картичката или посетете експозитура за да ја блокирате картичката.
- Веднаш контактирајте со Контакт центарот или експозитурата и поднесете Барање за оспорување на трансакција.
- Дневните лимити автоматски се сетирани од Банката на картичката за сигурност.
- Дневните лимити за подигнување на готовина од банкомати за плаќање на POS терминал или плаќање на интернет можете самостојно да го промените преку мобилното или електронското банкарство или на шалтерите на Банката.
- Да, банкоматите исплаќаат максимум до 40 банкноти по трансакција.
- Да, можете да извршите уплата на средства (во готово) на вашата дебитна картичка преку банкомат. Најмногу може да се уплатат до 40 банкноти по трансакција, исклучиво во денари.
- Во моментов, оваа услуга е достапна на следниве банкомати на Шпаркасе Банка:
- Македонија 34, Скопје
- Беласица бр.2, Скопје
- Скопски пат бр.1, Тетово
- Љубљанска 4, Скопје
- Даме Груев 10, Скопје
- Македонија 19, Скопје
- Пролетерски бригади, Струга
- Јоска Јорданоски 2, Прилеп
- Мак. Просветители 19, Охрид
- Васил Иљоски бр.14, Скопје
- Мак. Просветители 19, Охрид
- Рокот на важност на картичката е заклучно со последниот ден од месецот наведен на пластиката на картичката. Банката автоматски ја обновува картичката.
- По 20-тиот ден од месецот на истек, ќе добиете СМС за подигнување. За откажување, доставете барање најдоцна еден месец пред истекот.
- Поднесете Барање за реиздавање на ПИН во експозитура. Реиздадениот ПИН можете да го подигнете во рок од минимум 4 работни дена во Вашата матична експозитура (каде што и иницијално сте ја добиле картичката).
- Промена на Пин кодот можете да направите на банкоматите на Шпаркасе Банка. Вашиот нов Пин код може да биде Ваша сопствена комбинација од 4 цифри.
- Картичката е блокирана. Направете трансакција со чип и точен ПИН на банкомат или проверка на банкомат за да ја одблокирате.
За дополнителна заштита при користење на бесконтактните картички, се применуваат следниве безбедносни правила:
- ПИН при надминат кумулативен износ:
Ако вкупниот износ на сите бесконтактни трансакции од последната трансакција потврдена со ПИН надмине 9.000 денари, следната трансакција, без разлика на износот, мора да се автентицира со ПИН. - ПИН за поединечна трансакција над лимит:
Секоја бесконтактна трансакција со износ над 2.000 денари мора да се потврди со ПИН. Кај одредени ПОС терминали, овој лимит може да биде 2.500 денари, а во други земји може да се разликува, согласно локалните регулативи. - Ресетирање на лимити:
По успешно внесен ПИН при трансакција, системот ги „ресетира“ бројот и вкупниот износ на претходните бесконтактни трансакции. Потоа, повторно е возможно користење на бесконтактната функционалност без внесување ПИН, до исполнување на горенаведените услови. - Во случај на одбиена бесконтактна трансакција:
Ако трансакцијата е одбиена и сте сигурни дека картичката е активна, имате доволно средства и не сте го надминале дневниот лимит, Ве молиме побарајте од трговецот трансакцијата да се изврши со внесување на картичката во ПОС терминал и потврда со ПИН. По успешна контактна трансакција, повторно ќе можете да продолжите со бесконтактни плаќања.