
Mastercard Gold Debit
Mastercard Gold Debit бесконтактната картичка за секојдневни потреби со поголема финансиска флексибилност, комодитет, престиж и привилегии во користењето во земјава и странство.
Со Mastercard Gold Debit бесконтактната картичка средствата ви се достапни 24 часа на ден без разлика каде сте во моментот. Дополнително, користењето на оваа картичка е многу поедноставно од чекањето ред и подигнувањето готовина од благајна, а контролата на вашите месечни трошења ја остварувате преку електронско банкарство.
Бенефити кои ви ги нуди Mastercard Gold картичката:
Корисниците на Mastercard Gold картичките можат да искористат 4 бесплатни пристапи и користење на услугите во деловните зони во над 1.500 аеродроми во светот преку LoungeKey програмата во тековната година.
За пристап до деловните зони од LoungeKey програмата е потребно:
- квалификувана Mastercard Gold картичка и
- важечка бординг карта
За повеќе информации и полесенo пребарување на кои аеродроми и деловни зони може да се искористат услугите, можете да дознаете преку регистрација на https://airport.mastercard.com/en или со преземање и регистрација на мобилната апликација LoungeKey (достапна за iOS и Android).
Овие бенефиции се овозможени од Mastercard како давател на услугата, додека Шпаркасе банка АД Скопје настапува исклучиво како посредник помеѓу давателот на услугата и корисникот на картичката. Mastercard може да ја измени, привремено прекине или целосно укине услугата во било кое време и без претходна најава, при што Шпаркасе банка АД Скопје не сноси одговорност за обезбедување или континуитет на истата.
Повлекување готовина во Македонија и секаде каде што е застапена Групацијата
- повлекување готовина без провизија на банкоматите на банките членки на Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата во следните земји: Erste Bank and Sparkassen (Австрија), Ceska Sporitelna (Чешка), Slovenska Sporitelna (Словачка), Erste Bank Hungary incl. Postabank (Унгарија), Erste & Steiermarkische Bank dd (Хрватска), Erste Bank Serbia (Србија), Erste Bank AD Podgorica (Црна Гора), Banka Sparkasse dd (Словенија)*, Sparkasse Bank dd (Босна и Херцеговина), Banka Comerciala Romana (Романија).
- повлекување средства со провизија насекаде низ светот на банкоматите со ознака VISA.
* За Banka Sparkasse dd (Словенија) повлекувањето на готовина без провизија важи само за Mastercard картичките
Како да аплицирам?
Дебитната платежна картичка Mastercard се издава единствено доколку имате платежна сметка во Банката, односно потребно е да сте постоен клиент на Банката. Отворањето платежна сметка е едноставно, може да го направите во најблиската експозитура на Банката преку склучување договор за платежна сметка.
Изработената платежна картичка и PIN можете да ги подигнете од експозитурата во која сте аплицирале во рок од 5-7 работни дена од моментот на аплицирање. При подигнувањето, неопходно е да ја активирате платежната картичка во експозитурата. По извршената активација, може да ја користите платежната картичка.
Доколку сте постоен клиент, имате можност да аплицирате за дебитна картичка преку онлајн-апликацијата.
Бесконтактно плаќање
Бесконтактната картичка поседува технички карактеристики како и постојните картички (магнетна лента и чип) и има дополнителен конектор во вид на вградена антена преку која се остварува контактот со ПОС-терминалот.
Технологијата што ја користат бесконтактните картички е со највисоко ниво на безбедност. Податоците што се разменуваат при вршењето на трансакцијата се енкриптирани, а картичката останува во рацете на клиентот притоа намалувајќи го ризикот од губење, измама или фалсификување.
Бесконтактниот начин на плаќање е глобално прифатен кај секаков тип трговци, односно секаде каде што го има универзалниот симбол за бесконтактни плаќања.
Лимити на платежни картички
Бесконтактно плаќање
СМС известување
Трошоци за издавање, одржување и користење