Шпаркасе кредитни картички

Aплицираj онлајн за кредитна картичка! Побрзо и поедноставно од кога било.

Клиентите на Шпаркасе Банка сега можат целосно онлајн да аплицираат за VISA кредитна картичка, директно преку мобилната апликација S‑Banka. 

Без посета на експозитура, со само неколку чекори, преку сигурен и интуитивен процес.

Преземи S-Banka

Кредитните картички од Шпаркасе Банка се меѓународно прифатени и овозможуваат едноставно и сигурно безготовинско плаќање, можност за плаќање на рати без камата кај трговците со кои Банката има склучено договор.

Одберете ја својата кредитна картичка од Шпаркасе од брендовите Mastercard и Visa со лимит кој одговара на вашите потреби и реализирајте ги сите ваши желби и потреби.

Платежните картички првенствено служат за плаќање производи и услуги на продажните места, подигнување готовина од банкоматите во земјата и купување на интернет, резервација на хотели, авионски карти и др.

Visa Classic

Mastercard Standard

Visa Installment

Кобрендирана АМСМ картичка

Како да аплицирате за кредитна картичка?

Во некоја од експозитурите на Банката

Преку мобилната апликација S-Banka

Како до кредитна картичка онлајн за неколку минути?

Аплицирајте за вашата Visa кредитна картичка преку S‑Banka, брзо и едноставно – директно од вашиот мобилен телефон.

Без посета на експозитура, целиот процес е дигитален: од избор на картичка и лимит, до преглед на условите и потпис на договор со OneID. 

Зошто да аплицирате онлајн?

  • Брза и едноставна апликација – завршувате за неколку минути
  • Достапно 24/7- без посета на експозитура
  • Флексибилен лимит – го избирате сами согласно понудата на производи
  • Брзо одобрување и транспарентност во условите 
  • Сигурен процес – со потпис преку OneID

По апликацијата добивате информација за статусот и насоки за преземање на картичката. 

🎥 Погледнете го процесот во видео туторијалот ⬇️