
Mastercard Platinum
Картичка со која сте прифатени секаде во светот.
Совршена за Вашиот животен стил
Mastercard Platinum е револвинг кредитна картичка која совршено ќе се вклопи во Вашиот животен стил и ќе го поедностави Вашето секојдневие. Минималниот износ на месечна отплата изнесува 5% од искористениот лимит на кредитната картичка. Почувствувајте ја разликата и уживајте во широк спектар на врвни банкарски услуги и ексклузивни можности!
Бенефити кои ви ги нуди Mastercard Platinum кредитната картичка
1. Eксклузивна можност за БЕСПЛАТЕН пристап и користење на услугите во деловните зони на над 1.500 аеродроми во светот преку новата LoungeKey програма на MasterCard. Корисниците на MasterCard Platinum картичката на Шпаркасе Банка оваа услуга може да ја искористат за 6 бесплатни пристапи во тековната година во деловните зони на аеродромите од LoungeKey програмата.
Ограничен број бесплатни посети годишно во било кој од 1500+ LoungeKey аеродромски салони ширум светот, зависат ако се потрошени повеќе од 250 евра на MasterCard Platinum картичката во претходниот календарски месец.
За пристап до деловните зони од LoungeKey програмата е потребно:
- квалификувана Mastercard Platinum картичка, или
- QR code кој ќе го добиете по направена регистрација на линкот www.loungekey.com/PlatinumandWorld
2. Приоритетен премин на пасошка и аеродромска контрола, повеќе информации на линкот Mastercard Travel Experiences - Home page
3. Каталог со глобални привилегии - Mastercard Travel Rewards
Овие бенефиции се овозможени од Mastercard како давател на услугата, додека Шпаркасе банка АД Скопје настапува исклучиво како посредник помеѓу давателот на услугата и корисникот на картичката. Mastercard го задржува правото да ја измени, привремено прекине или целосно укине услугата во било кое време и без претходна најава, при што Шпаркасе банка АД Скопје не сноси одговорност за обезбедување или континуитет на истата.
Каматна стапка за сите корисници на кредитни картички
Каматна стапка: 12,25% годишна променлива каматна стапка, (референтна каматна стапка за пресметка на казнена камата на НБРСМ + 8%).
Прифатеност во земјата, во странство и на интернет
Mastercard картичките на „Шпаркасе Банка" се прифатени на преку 40 милиони продажни места што содржат ознака за прифаќање на Mastercard картички. Сите Mastercard картички се прифатени на интернет и тоа кај сите трговци што содржат ознака за прифаќање на платежни картички од брендот – Mastercard.
Надоместоци и услови
Трошок за аплицирање
200 МКДМесечна членарина за првата година
375 МКДНаредни години за годишен промет во трговијата над 350.000 МКД
0 МКДДознајте повеќе за платежни картички:
Лимити на платежни картички
Бесконтактно плаќање
СМС известување
Трошоци за издавање, одржување и користење