ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА - ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
Одговори на најчесто поставувани прашања.
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА - ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
- Отворањето платежна сметка се врши врз основ на поднесено барање за платежна сметка со валиден документ за идентификација (лична карта или пасош) во најблиската експозитура на Банката.
- Банката може да отвори платежна сметка на малолетно лице кое пред Банката го застапуваат законските застапници (родители) или законскиот старател согласно законските одредби.
- Доколку има само еден законски застапник, платежната сметка на малолетното лице го отвара едниот законски застапник. Потребно е лично присуство на родителите/родителот/законскиот старател во најблиската експозитура на Банката каде ќе достават сопствен валиден документ за идентификација (лична карта или пасош) и Оригинален извод од матична книга на родените на малолетното лице.
- Целокупната документација околу отворањето на платежната сметка се потпишува од страна на законските застапници и единствено тие ќе можат да располагаат со средствата од платежната сметка во периодот додека лицето е малолетно.
- Откако лицето ќе наврши 18 години престанува правото на застапникот да ја користи сметката и потребно е сопственикот лично да ги ажурира личните податоци во Банката.
- Ажурирање на личните податоци може да биде во една од експозитурите на банката или преку онлајн апликација.
- Еден клиент може да има повеќе платежни сметки во денари во Банката истовремено.
- Отворањето платежна сметка е без надоместок, но Банката наплатува месечен надоместок за одржување на сметката во висина од 45 денари од сметките кои имаат состојба на сметката, клиентите кои се корисници на други производи во Банката и сметки каде има најмалку еден кредитен трансфер , не земајќи ги предвид кредитните трансфери по основ на камата, пренос од/на штеден депозит во Банката. Надоместокот за пензионери е во висина од 30 денари.
- Надоместокот не се наплатува за млади на возраст од 15 до 24 години, корисници на Vibe On БЕСПЛАТЕН пакет за млади.
- Платежна сметка со основни функции за корисници на законски права е без надоместоци.
- На платежната сметка отворена во денари не може да се вршат кредитни трансфери во девизи. За оваа цел потребно е да отворите платежна сметка во девизи.
- Дебитните картички се директно поврзани со платежната сметка и од неа се црпат средствата за секој направен кредитен трансфер, додека пак со кредитните картички сметката е поврзана само за наплата на достасаните обврски.
- На барање на клиентот може да се отвори и нова платежна сметка која нема да биде поврзана со дебитна картичка.
- Не. Дозволено пречекорување на платежна сметка се одобрува само со лично поднесено барање од ваша страна во една од експозитурите на Банката.
- По направената анализа од страна на вработеното лице, доколку се исполнети потребните услови, дозволеното пречекорување ќе биде одобрено.
- По потпишување на потребната документација и по остварување на прв пренос на плата или пензија на платежната сметка, износот на дозволеното пречекорување ќе биде ставено на располагање на вашата сметка.
- Искористениот износ на дозволено пречекорување се подмирува со секој прилив по основ на плата или пензија кој пристигнува на платежната сметка и повторно е расположлив за користење.
- Информации поврзани со вашата платежна сметка, вклучувајќи и Извод од сметка/Потврда за состојба на сметка, можете да добиете лично на шалтерите на Банката, доколку имате овластено лице на Вашата сметка, или доколку сте корисник на услугата Интернет банка/мБанка за физички лица со можност за онлајн увид во состојбата на сметката.
- Преку комуникација со e-пошта не доставуваме доверливи податоци на нашите клиенти.
- Платежната сметка со основни функции се отвора во валута денари и е наменета за потрошувачи со живеалиште и престојувалиште во Република Северна Македонија. Потрошувачот кој сака да отвори платежна сметка со основни функции не треба да поседува платежна сметка денари во банките во земјата.
- На потрошувачот му е овозможено извршување на платежни трансакции на територија на земјата без надоместоци или надоместок во разумна висина. Пристапот до платежната сметка со основни функции не е обврзан со користењето дополнителни производи и услуги.