
СЕПА трансфери
СЕПА трансфери со странство
Шпаркасе Банка АД Скопје го направи следниот важен чекор приклучувајќи се кон Единственото подрачје за плаќања во евра - СЕПА (Single Euro Payments Area) платежната шема за кредитни трансфери.
Со ова Банката се вклучи во Регистарот на учесници за СЕПА кредитен трансфер и стана активен чинител во извршувањето на платежни трансакции во евра.
Можноста за приклучување на македонските банки кон СЕПА стана реалност по вклучувањето на Република Северна Македонија во географската зона на СЕПА, благодарение на новата правна рамка што ја воспостави Народната банка – усогласена со релевантните европски регулативи.
- Приклучувањето кон СЕПА претставува значаен стратешки исчекор за Шпаркасе Банка и потврда за нашата заложба да обезбедиме иновативни, сигурни и економични решенија за платниот промет кон и од европските земји.
- Преку оваа иницијатива, клиентите – и физички и правни лица – ќе можат да вршат и примаат плаќања во ЕУР под исти услови, права и обврски меѓу различните земји-членки на СЕПА.
Општи услови и карактеристики
- SEPA Credit Transfer (SCT) - Единствената зона за плаќања во евра е иницијатива на Европската унија која овозможува брзи, сигурни и поевтини плаќања во евра низ сите земји-членки, како и одредени земји надвор од ЕУ.
- Физичките лица може да вршат и примаат плаќања во ЕУР под исти услови, права и обврски меѓу различните земји-членки на СЕПА.
- СЕПА вклучува 41 земја - членки:
- 27 земји - членки на ЕУ
- 3 земји од ЕЕА - (Исланд, Норвешка, Лихтенштајн)
- 11 земји надвор од ЕЕА - (Албанија, Андора, Ватикан, Велика Британија,Молдавија, Монако, Северна Македонија, Сан Mарино, Србија, Црна Гора, Швајцарија)
- Еднакви услови: Ги елиминира различните национални платежни регулативи;
- Брзина: Средствата пристигнуваат кај примачот најдоцна наредниот работен ден;
- Заштита - SEPA трансакциите се регулирани според европските стандарди за заштита на потрошувачи и безбедност.