Ликовен конкурс за млади сликари како дел од „Вевчански видувања“

Во рамки на „Шп-Арт-Клуб“, Шпаркасе Банка АД Скопје и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“ објавуваат:

КОНКУРС за млади сликари 2025

Шпаркасе Банка АД Скопје ги повикува младите уметници од државата, на возраст од 18 до 26 години, да бидат дел од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Колонијата ќе се одржи во Вевчани и ќе трае од 21.6.2025 до 01.7.2025 година. Конкурсот е дел од платформата за општествена одговорност „Sparkasse Life“.

Темата на конкурсот е „Безвременски траги“

Од 20.5.2025 до 30.5.2025, сите заинтересирани уметници можат да се пријават преку пополнување на пријавниот формулар на следниот линк конкурс форма и испраќање на фотографија од своето уметничко дело во акрилна техника на: communication@sparkasse.mk со наслов „Пријава за конкурс: Млади уметници – Вевчански видувања“

По завршувањето на конкурсот, стручното жири ќе избере 10 финалисти, кои ќе имаат уникатна можност да престојуваат 5 дена во Вевчани, од 22 до 27 јуни 2025. Сите трошоци за престој, како и потребниот сликарски материјал, ќе бидат обезбедени од страна на Шпаркасе Банка.

Зошто да учествуваш?

Работата со млади, амбициозни и талентирани уметници кои имаат големи соништа е чест и задоволство. Овие поединци, со својата страст и креативност, ја креираат суштината на духот на нашата нација. Младите визионери ја обликуваат иднината преку својата смела визија и верба во она што допрва доаѓа.

Шпаркасе Банка, како дел од својата корпоративна стратегија за општествена одговорност преку платформата „Sparkasse Life“, секогаш се стреми да ги поддржи и промовира младите уметници како чувари на нашата колективна имагинација, кои ги поставуваат новите уметнички стандарди и ја обликуваат иднината на нашето општество.

Не пропуштај ја оваа шанса – пријави се и стани дел од оваа креативна авантура!

#ВерувајВоИднината