Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека согласно со измените во Одлуката за тарифи на Шпаркасе Банка започнувајќи од 01.08.2022 година Банката воведува провизија за одржување на девизна сметка .

Провизијата за одржување на девизната сметка се наплатува на месечно ниво со задолжување на денарската сметка и истата изнесува 150 денари фиксно по сметка.

Ви благодариме што ги користите производите и услугите на Банката.

Со почит,

Шпаркасе Банка АД Скопје