31 октомври 2023 г.
Соопштенија
31 октомври 2023 г.
Соопштенија
Денес го славиме Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври!
Во рамки на одбележување на месецот на штедење, реализиравме посети на повеќе од 60 градинки и училишта низ целата држава. Имавме одлично дружење со подароци и финансиска едукација на повеќе од 4000 деца.

Дел од нив имаа можност да ги посетат нашите експозитури и одблизу да се запознаат со банкарската професија каде научија и повеќе за придобивките од штедењето.
Заедно со нашите Медо Штедо и Медена, споделивме идеи и совети како полесно да заштедат и им ја претставивме важноста на финансиската одговорност и штедењето за обезбедување сигурна иднина.

Штедењето е корисна навика важна за финансиското здравје и треба да се практикува од најрана возраст. Традиционално и оваа година месецот октомври, го посветивме на финансиска едукација на најмладите.
Шпаркасе Банка е дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа и бележи 200 години традиција токму во штедење.
#ИнвестирајВоДетскатаИднина