2 октомври 2024 г.

Известувања

Известување за лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК)

ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) издава предупредување до граѓаните за појава на лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК), на која е злоупотребен дизајнот и логото на претпријатието. На лажната карта е поставен QR код, кој води кон веб-страница што нема никаква поврзаност со ЈП ПОЦ, со цел измамнички да се добијат парични средства.На оваа лажна веб-страница се прибираат лични податоци и информации за платежните картички, кои подоцна можат да бидат злоупотребени за интернет плаќања.

Доколку го скениравте QR кодот и внесовте податоци на веб-страница различна од официјалната на ПОЦ (https://users.poc.mk/PayDpk), ве молиме веднаш да го поставите лимитот за интернет плаќања на вашата картичка на 0 и да побарате реиздавање на картичката. Важно е да не им верувате на QR кодовите без претходна проверка. Доколку скенирате QR код, задолжително проверете дали веб-страницата што се отвора е официјална. Најдобро е да ја внесете адресата директно преку тастатура или да ја пребарате преку Google.

Ви благодариме,

Шпаркасе Банка АД Скопје