Ве известуваме дека пензиите за месец декември 2024 година ќе се исплаќаат на 30.12.2024 год. (понеделник), за сите корисници на пензии со трансакциска сметка на Шпаркасе Банка.
Со пензиите ќе можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат.
Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од банкомати на Шпаркасе Банка кои се достапни во РС Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.
Клиентите кои не користат платежни картички, исто така од 30.12.2024 ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката, без разлика на висината на пензијата.
За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banka.
Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје