Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека на 04.01.2025 година започнува со примена изменетото Упатство за начин на вршење на платен промет со странство објавено во Службен Весник на РСМ бр.272 на 27.12.2024 година, со кое процесот на обработка на девизни плаќања за правни лица е значително олеснет и подобрен.

Овие измени имаат за цел да ја поедностават постапката, што ќе резултира со побрзо и поефикасно извршување на вашите трансакции.

Измените се однесуваат на:

  • Се укинува обврската налогодавачот со образецот за плаќање до Банката да достави пропратен документ за утврдување на основот и обврската за плаќање за сите комерцијални плаќања (за плаќања по основ на капитални трансакции оваа обврска останува),
  • Се прецизира начинот на плаќање на семејни животни трошоци (престој во странство заради школување, лекување и други трошоци) над 2.500 ЕУР месечно со достава на документ кој ќе ја потврди основата за плаќање.
  • За извршување на сите плаќања и трансфери во странство за кои не е дефиниран документ кој треба да се поднесе до Банката соглансо точка 41 став 1 од Упатството, доволна е информација од резидентот за основот на плаќањето

Банката го задржува правото да побара документација за одредена трансакција согласно постоечката регулатива и интерните акти на Банката.

Доколку имате било какви прашања, ве молиме контактирајте го вашиот матичен референт.

Со почит,

Шпаркасе Банка АД Скопје