16 јануари 2025 г.

Известувања

Известување за употреба на ПИН при користење на картичката за субвенциониран студентски оброк

Драги студенти,

Поради законска регулатива за засилена автентикација при бесконтактни плаќања на ПОС терминали, потребно е да го внесете ПИН кодот при плаќање за трансакцијата да биде успешна. По реализирање на оваа трансакција со ПИН ќе можете да продолжите да плаќате бесконтактно.

Доколку го знаете ПИН-от на својата картичка за студентски оброк НЕМАТЕ ПОТРЕБА ДА БАРАТЕ РЕИЗДАВАЊЕ НА ПИН и истата можете слободно да продолжите да ја користите без никакви ограничувања.

Доколку НЕ го знаете ПИН-от што го добивте од Шпаркасе Банка при издавање на картичката, имате две опции:

  • Побарајте ја СМС пораката од бројот 144665 во која ви е испратен ПИН-кодот при подигнување на картичката, или
  • Доколку не можете да ја најдете пораката и не го знаете точниот ПИН, потребно е да ја посетите било која експозитура на Шпаркасе Банка и да побарате БЕСПЛАТНО реиздавање на ПИН.

ЧЕКОРИ ЗА РЕИЗДАВАЊЕ НА ПИН:

  • Посетете ја најблиската експозитура и побарајте реиздавање на ПИН
  • ПИН-от ќе го добиете за најмногу четири работни дена
  • Откако ќе добиете СМС порака од Банката дека ПИН-от е изработен, ќе можете да го подигнете во експозитурата во која го поднесовте барањето за реиздавање на ПИН

Се грижиме за квалитетот на услугите кои ги нудиме и за вашата безбедност. Ве потсетуваме дека ПИН кодот е основен дел од заштитата на вашите средства и затоа ве советуваме дека треба да го знаете во секое време без разлика дали плаќате бесконтактно или не. На тој начин ќе избегнете непријатности при употреба на картичката.

Доколку ви е потребна помош, контактирајте не на 02/ 15 050.