Почитувани клиенти,
Поради планирана техничка надградба на нашите системи, ве информираме дека на 21.01.2025, вторник, во период од 01.00 до 04.30 часот можни се краткотрајни прекини на услугите поврзани со користењето на банкомати, ПОС терминали, мобилното и електронското банкарство како и картичките издадени од Шпаркасе Банка АД Скопје.
Се извинуваме за евентуалните непријатности и ви благодариме за вашето трпение и разбирање додека работиме на подобрување на квалитетот на нашите услуги и вашето корисничко искуство.
Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје