Корисниците на Mastercard Platinum, MasterCard Gold Credit, MasterCard Gold Debit издадени од Шпаркасе Банка, oд 01.02.2025 имаат ексклузивна можност за БЕСПЛАТЕН пристап и користење на услугите во деловните зони на над 1.500 аеродроми во светот преку новата LoungeKey програма на MasterCard.

Корисниците на MasterCard Platinum картичката на Шпаркасе Банка оваа услуга може да ја искористат за 6 бесплатни пристапи во тековната година во деловните зони на аеродромите од LoungeKey програмата, а корисниците на MasterCard Gold Credit и MasterCard Gold Debit  картичките во тековната година може да искористат 4 бесплатни пристапи и користење на услугите во деловните зони на аеродромите од програмата.

Сопственикот на картичката може со дел од расположливите бесплатни пристапи да додели влез во деловните зони за гостин по сопствен избор.

Ограничен број бесплатни посети годишно во било кој од 1500+ LoungeKey аеродромски салони ширум светот, зависат ако се потрошени повеќе од 250 евра на MasterCard картичката во претходниот календарски месец.