1.ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАПНОСТ НА ИЗВЕШТАЈ ЗА НАДОМЕСТОЦИ ЗА 2024 ГОДИНА

Согласно Законот за платежни услуги и платни системи Ве известуваме дека Вашиот Извештај за надоместоци за период од 01.01.2024 до 31.12.2024 година е подготвен и достапен преку S-Banka мобилната апликација, NetBanking електронско банкарство, како и во една од експозитурите на Шпаркасе Банка.

Извештајот ќе биде достапен и преку С-Порталот на Банката, по 31.01.2025 година.

С-Порталот обезбедува лесна и сигурна идентификација на клиентите, која според законските прописи е со индивидуална, лична и двофакторска автентикација.

Најавата на С-Порталот е овозможена преку OneID или S-Banka мобилната апликација со активен С Токен.

На С-Порталот можете да пристапите преку следниов линк: https://www.netbanking.mk/s-portal/

За сите дополнителни информации обратете се до нашиот Контакт центар на телефон 02/15050.

2. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗМЕНА НА ТАРИФА ЗА НАДОМЕСТОЦИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Ве известуваме дека Шпаркасе Банка изврши измена на Одлуката на надоместоци за физички лица. Надоместоците кои ќе започнат да се применуваат од 01.04.2025 се следни:

Платежни сметки

  • Одржување на платежна сметка во денари, месечно, за пензионери – 30 денари
  • Одржување на платежна сметка во валута различна од денари, месечно – 50 денари
  • Одржување на платежна сметка со основни функции, месечно - до 0,1% од подвижниот просек на просечна месечна исплатенa нето-плата во земјата за претходните 12 месеци)

Пакет производи

  • Месечен надоместок за С Пакет - 135 денари.
  • Месечен надоместок за С Пакет+ - 175 денари.
  • Месечен надоместок за Респект Пакет - 80 денари
  • Се воведува нов Пакет за млади (VibeOn+) - 60 денари

Кредитни производи

1. Административен трошок кај потрошувачки кредити - 2.500 денари

2. Надомест за аплицирање за кредит :

  • потрошувачки на кредит - 700 денари,
  • хипотекарн кредит - 900 денари и
  • станбен кредит - 900 денари

3. Кредитни Производи – Општи надоместоци – Се укинува надоместок за известувања за начин на измирување на обврски и потекло на долг по пласмани на физички лица

Надоместок за одржување на колатерал на недвижност и земјиште

1. Надоместок за одржување на колатерал недвижност до 500м2 и над 500м2 - 1.600 денари

2. Надоместок за одржување на колатерал земјиште - 1.600 денари

Електронски плаќања

1. интерни електронски плаќања – 10 денари

2. КИБС електронски плаќања – 18 денари

Готовински уплати и плаќања преку КИБС

1. За износ од 0 денари до 5000 денари - 80 денари

2. За износ од 5.001 денари - 130 денари

Граѓански сефови

1. Скопје ОБ - СК1 - 7 х 26 х 42 cm Приматели/Неприматели на плата 3600/4600 денари. Месечно изнајмување на сеф 360/460 денари.

2. Скопје ОБ - СК2 - 7 x 42 x 56 cm Приматели/Неприматели на плата 3800/4800 денари. Месечно изнајмување на сеф 380/480 денари.

Страна 2 од 2

3. Скопје ШБМ - 7 х 26 х 39 cm Приматели/Неприматели на плата 3600/4600 денари. Месечно изнајмување 360/460 денари.

4. Скопје ШБМ - 14,5 х 26 х 39 cm Приматели/Неприматели на плата 4700/5700 денари. Месечно изнајмување 470/570 денари.

За клиенти со депозит во износ од 30.000мкд/500еур важи тарифата примател на плата при закуп на граѓански сеф.

Електронски Канали

1. Мобилно банкарство (S- Banka) - Месечен надоместок - Пасивен профил – 50 денари

2. Интернет – банкарство (Net Banking) - Месечен надоместок за инфо пристап – 20 денари

Картички - Месечна членарина за основна картичка (платен список/ иматели на сметка)

Mastercard Debit contactless и Visa Classic Debit contactless - 30 денари месечно

Општи надоместоци за работа со дебитни картички/ кредитни картички

Се укинува надоместокот за Блокирање на картичка на барање на клиент за дебитна и кредитна картичка

* Согласно Општите услови за платежна сметка и платежни услуги за физички лица, доколку Корисникот пред датумот на примена на промените не ја извести банката дека не се согласува со направените промени, односно не поднесе барање за раскинување на Договорот, се смета дека Корисникот е согласен со промените и дека ги прифаќа во целост.

3. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗМЕНИ ВО ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПАКЕТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Ве известуваме дека Шпаркасе Банка изврши измена и дополнување на Општи правила и услови за користење на пакети за физички лица Измената ќе започне да се применува од 31.03.2025.

Измената е следна:

  • Пакет за млади Vibe On+ е наменет за физички лица, резиденти со максимална возраст до 25 (дваесетипет) години. По навршувањето на 2 (две) години од користењето на овој пакет, физичкото лице, корисник на пакет за млади го губи правото на користење на овој пакет пришто Банката ќе изврши конвертирање во С пакет, за кој се наплаќа провизија наведена во Тарифникот на надоместоци во Банката.

Доколку корисниот на пакет на млади не се согласува на конвертирање на VibeOn+ пакетот во С- пакет по навршување на 2 (двe) години користење на овој пакет, должен е минимум 1 (еден) месец пред навршување на 2 (двe) години користење на овој пакет да испрати барање за затворање на пакетот.

* Согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор ќе се смета дека корисникот на платежните услуги ги прифатил промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози доколку не го извести давателот на платежните услуги-Банката пред датумот на примена на измената дека ги одбива промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози.