26 февруари 2025 г.

Известување за можни обиди за злоупотреба на лични податоци

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека во текот на денот се забележани лажни телефонски повици од непознати лица кои се претставуваат како вработени во Шпаркасе Банка и кои од клиентите на банката бараат лични податоци, како матичен број, број на банкарска сметка, состојба на сметка и слично.

Посочуваме дека Шпаркасе Банка комуницира со своите клиенти исклучиво преку официјални канали на комуникација на банката и сензитивни податоци никогаш не бара од клиентите по телефонски пат. Ажурирањето на Вашите податоци се врши исклучиво во експозитурите на Банката или преку официјалните дигитални канали, каде што вашиот идентитет е целосно заштитен.

Ве советуваме да бидете внимателни и да не споделувате лични и чувствителни податоци со непознати лица преку телефон.

Доколку веќе сте имале ваков телефонски повик и сте ги споделиле Вашите податоци со непознато лице, Ве молиме ВЕДНАШ да се јавите во Контакт Центарот на Шпаркасе Банка на 02/ 15050, како би можеле да преземеме активности за спречување на измамите и заштита на вашите податоци.

Со почит,

Шпаркасе Банка АД Скопје