Почитувани,
Ве известуваме дека пензиите за месец февруари 2025 година ќе бидат на располагање на сметките на сите корисници на пензии со трансакциска сметка на Шпаркасе Банка на 01.03.2025 година (сабота).
Доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат, Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од над 90 банкомати на Шпаркасе Банка кои се достапни во РС Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.
Пензионерите кои користат Respect пакет на Шпаркасе Банка имаат две БЕСПЛАТНИ подигнувања месечно од било кој АТМ во земјата. Сите пензионери кои сакаат да активираат Respect пакет тоа можат да го направат со посета на било која експозитура на Шпаркасе Банка.
Ваша,
Шпаркасе Банка
#ВерувајВоИднината