Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека на 15.03.2025г. експозитура Виница на ул. Пионирска 2 бр. 1 се затвора. Банкоматот останува на истата локација и истиот ќе е достапен за сите Ваши потреби.

За извршување на секојдневните банкарски активности, на располагање Ви стојат S-Banka мобилното банкарство и NetBanking електронското банкарство, кои ќе Ви овозможат брзи и сигурни трансакции.

Покрај тоа, за сите дополнителни услуги и потреби на располагање ќе Ви биде експозитура Кочани на ул. Маршал Тито бр. 11/1, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

За дополнителни информации, контактирајте не на 02/15050.

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,

Шпаркасе Банка