Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека поради надградба на системот и унапредување на услугите кон клиентите, во вечерните часови на 30.05.2025, петок, можно е да се појави прекин во сервисите и во функционирањето на дел од услугите на Шпаркасе Банка: мобилно банкарство, електронско банкарство, банкомати и ПОС уреди.

Ова ажурирање е дел од континуираните активности за унапредување на корисничкото искуство и подобрување на стабилноста и сигурноста на нашите услуги.

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,
Шпаркасе Банка