Почитувани клиенти,

Последните денови се забележани повеќе случаи на пораки до клиенти на Банката, како и примачи кои не се клиенти на Банката со известувње за извршени трансакции во платен промет во странство.

Клучни елеменити на пораката:

  1. Како испраќач стои: sparkasse.banka@sparkasse.com.mk. Адресата е иста со онаа од која Банката испраќа известувања, меѓутоа тоа не мора да значи дека пораките на кои како испраќач стои таа адреса се навистина пратени од Банката (e-mail spoofing).

  2. Пораките имаат прилог, прикачен документ со назив SPAKASSA SWIFT MOP108442912_3005.xlam кој е во нестандарден формат за прилози во пораки од Банката. (Забелешка: стои SPARKASSA наместо SPARKASSE).

  3. Мејл пораките испратени од системот на Банката се задолжително потпишани со дигитален потпис и е потврда за автентичноста на испраќачот (Банката). Тоа е видливо во заглавието на пораката.

Ве информираме дека пораките се обид за phishing, со посебна напомена за внимателност и истите да се игнорираат/избришат како несакана содржина. Постои голем ризик со отворањето на прилозите на пораката да се активира код вгнезден во содржината, а со тоа компромитира уредот/компјутерот на кој се отвара таа.

Со почит,
Шпаркасе Банка