Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека поради надградба на системот и унапредување на услугите кон клиентите, утре, 26.06.2025, четврток, можни се прекини во достапноста на мобилното банкарство, електронското банкарство, АТМ-банкоматите и POS-уредите.
Ова ажурирање е дел од континуираните активности за унапредување на корисничкото искуство и подобрување на стабилноста и сигурноста на нашите услуги.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
Шпаркасе Банка