Почитувани клиенти,
Ве информираме дека денес, 26.06.2025, четврток се забележани обиди за испраќање на лажни е-пораки (phishing) во име на Шпаркасе Банка, со наводни информации за трансакции во платен промет во странство.
- Иако како испраќач може да биде наведена реална адреса од Банката, но овие пораки не се испратени од нашите системи и претставуваат обид за злоупотреба.
- Пораките содржат сомнителен прилог со наставка XLAM, XLSM, XLTM, DOCM, DOTM, POTM, PPTM, PPSM и слични, кои можат да го загрозат вашиот уред при отворање.
Ве молиме:
- Не ги отворајте ваквите прилози.
- Внимавајте на дигиталниот потпис што секогаш го имаат официјалните пораки од Банката.
- Доколку се сомневате во автентичноста на пораката, контактирајте ја личноста со која комуницирате од Банката за да ја проверите веродостојноста на мејлот.
Шпаркасе Банка постојано презема мерки за заштита од вакви обиди, и ве молиме за ваша претпазливост и соработка.
Ви благодариме на довербата.
Вашата безбедност е наш приоритет.
Со почит,
Шпаркасе Банка