Почитувани клиенти,

Шпаркасе Банка АД Скопје поднесе апликација за приклучување кон СЕПА

Шпаркасе Банка АД Скопје го направи следниот важен чекор во процесот на приближување кон современите европски платни системи, поднесувајќи апликација за приклучување кон Единственото подрачје за плаќања во евра - СЕПА (Single Euro Payments Area) платежната шема за кредитни трансфери, до Европскиот платен совет. Со оваа апликација, Банката има за цел да се вклучи во Регистарот на учесници за СЕПА кредитен трансфер и да стане активен чинител во извршувањето на платежни трансакции во евра.

 

Можноста за приклучување на македонските банки кон СЕПА стана реалност по вклучувањето на Република Северна Македонија во географската зона на СЕПА, благодарение на новата правна рамка што ја воспостави Народната банка – усогласена со релевантните европски регулативи.

Европскиот платен совет на 6 март 2025 година донесе позитивна одлука, со што банките во земјата добија можност да аплицираат за членство во СЕПА шемите и да започнат со извршување на плаќања во евра од 6 октомври 2025 година. 

  • Приклучувањето кон СЕПА претставува значаен стратешки исчекор за Шпаркасе Банка и потврда за нашата заложба да обезбедиме иновативни, сигурни и економични решенија за платниот промет кон и од европските земји.
  • Преку оваа иницијатива, клиентите – и физички и правни лица – ќе можат да вршат и примаат плаќања во ЕУР под исти услови, права и обврски меѓу различните земји-членки на СЕПА. 

Со поднесувањето на апликацијата за приклучување кон СЕПА, Шпаркасе Банка уште еднаш ја реафирмира својата посветеност на дигиталната трансформација и усогласеноста со европските стандарди, позиционирајќи се како доверлив и модерен банкарски партнер на своите клиенти.

Со почит,
Шпаркасе Банка