И З В Е С Т У В А Њ Е - Оставка од Член на Надзорен одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје

Почитувани,

Во согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност, Шпаркасе Банка АД Скопје, како Акционерско друштво со посебни обврски за известување, го доставува следново тековно соопштение:

Шпаркасе Банка АД Скопје објавува дека на ден 15.07.2025 година е примена оставка од Габриела Шмол од позицијата Член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје која ќе стапи на сила на денот на добивањето на согласност од НБРСМ за новиот член на Надзорниот одбор кој ќе биде именуван како нејзина замена на Собранието на акционери на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Со почит,
Шпаркасе Банка