Почитувани,
Последните денови е забележан зголемен број на phishing пораки кои наводно се испратени од името на нашата Банка. Ве молиме да бидете внимателни и да ги следите следниве упатства:
Клучни елементи на измамничките пораки:
- Испраќач: sparkasse.banka@sparkasse.com.mk. Иако адресата изгледа како да е испратена од Банката, тоа не гарантира автентичност (пораките можат да бидат подложни на e-mail spoofing).
- Пораките содржат прилог со назив SPARKASSE MPP_1108721468-3107.xlam, кој е нестандардно формат за пораки од Банката.
- Антивирус скенот детектира познат малвер во прилогот.
- Сите легитимни пораки испратени од Банката се задолжително потпишани со дигитален потпис, што е гаранција за автентичноста на испраќачот.
Што треба да направите:
- Не отворајте прилози или линкови од сомнителни пораки.
- Игнорирајте или избришете ги овие пораки како несакана содржина.
- Доколку имате сомнеж за автентичноста на порака, контактирајте го вашиот банкарски советник или Центарот за корисничка поддршка.
Ризик:
Отворањето на прилозите или линковите може да доведе до активирање на штетен код и компромитирање на вашиот уред.
Ве молиме бидете внимателни и користете ги овие упатства за заштита на вашите податоци. Во случај да е отворен прилогот (SPARKASSE MPP_1108721468-3107.xlam) да побарате асистенција или помош од професионален сервис или лице за проверка на уредите каде е случено тоа.
Шпаркасе Банка постојано презема мерки за заштита од вакви обиди, и ве молиме за ваша претпазливост и соработка.
Ви благодариме на довербата.
Вашата безбедност е наш приоритет.
Со почит,
Шпаркасе Банка