Почитувани клиенти,

Со цел континуирано унапредување на квалитетот, стабилноста и безбедноста на нашите дигитални услуги, Шпаркасе Банка ќе спроведе планирана системска надградба на своите информатички системи.
 

Поради изведување на овие технички активности, во периодот од сабота, 22.11.2025, од 13:30 часот, до недела, 23.11.2025, до околу 19:00 часот, можно е привремено ограничување или недостапност на следните услуги за физички и правни лица:

  • Мобилно банкарство – S-Banka
  • Електронско банкарство – NetBanking
  • Депонирање на готовина на банкомати (CashIn) и е-трансфер на банкомати на банката
  • S-Portal за известување
  • Платформа за онлајн ажурирање на лични податоци
  • Трансакции со картички за субвенциониран студентски оброк
     

По завршување на техничката надградба, сите дигитални сервиси ќе функционираат нормално и ќе бидат целосно достапни и оперативни.
 

Овие активности се од особено значење за подобрување на корисничкото искуство и стабилноста на дигиталните сервиси што секојдневно ги користите.

Ви благодариме за разбирањето и довербата.

Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје