Во знак на солидарност и поддршка, за трагичната ситација која се случи во Кочани, март, 2025 година, Шпаркасе Банка АД Скопје и Шпаркасе Лизинг, со поддршка од Штаермеркише Шпаркасе Групацијата ќе донираат средства, кои ќе се искористат за помош на настраданите и заедницата во Кочани и околината.
Вкуната вредност на донацијата ќе биде во износ од 6.000.000 денари, а средствата ќе бидат насочени кон поддршка на семејствата на повредените и починатите, финансиска поддршка за лекување и закрепнување на повредените, поддршка кон Црвениот Крст, како и учество во набавка на амбилантно возило за Кочани.
Заедно можеме да направиме разлика и да помогнеме за побрзо закрепнување на сите погодени од оваа трагедија. Во вакви моменти, единството е најважно и ни дава сила да се поддржуваме. Заедно сме посилни!