Почитувани,
Шпаркасе Банка е посветена на обезбедување еднаков, достоинствен и непречен пристап до банкарските услуги за сите свои клиенти. Во таа насока, ние континуирано работиме на унапредување на пристапноста и обезбедување соодветни услови за лицата со попреченост и за ранливите категории на клиенти.
Во сите свои експозитури Банката има обезбедено фиксни или монтажно-демонтажни рампи, со цел олеснет физички пристап до услугите. Дополнително, Шпаркасе Банка ја има определено Експозитура Капиштец, Скопје како надлежна експозитура за обезбедување соодветен третман и прилагодени услуги за лица со попреченост. Експозитурата се наоѓа во централното градско подрачје и овозможува лесен и директен пристап до референтите, благајниците и директорот на експозитурата.
Во рамки на оваа експозитура, за поддршка и асистенција на лица со попреченост се назначени одговорни лица во експозитурата, кои стојат на располагање на клиентите во текот на редовното работно време.
- Експозитура Капиштец
- Адреса: ул. Народен фронт бр.19, 1000 Скопје
- Работно време: 08:00 до 16:00, понеделник – петок
- Мапа: https://www.sparkasse.mk/mk/branch-search/branch/1000-skopje/ul-naroden-front-br-19/kapistec
Со овие активности, Шпаркасе Банка ја потврдува својата заложба за инклузивност, еднаков третман и подобрено корисничко искуство за сите клиенти.
Со почит,
Шпаркасе Банка