Известување за нов начин на потврда на интернет плаќања со картичка
Со цел унапредување на безбедноста на онлајн трансакциите со картички и усогласување со најновите регулаторни барања, Шпаркасе Банка АД Скопје воведува нов начин на потврда на интернет плаќањата.
Почнувајќи од 26.02.2026 година, сите интернет плаќања со картичка ќе се потврдуваат исклучиво преку мобилната апликација S-Banka, односно преку потврда на push нотификација испратена до мобилниот уред на клиентот. И покрај предлозите за отпочнување на новиот начин на потврда на интернет плаќања од 01.03.2026, Шпаркасе Банка им овозможи на своите клиенти први да започнат со користење на оваа услуга.
Овој начин на автентикација обезбедува повисоко ниво на заштита и посигурно извршување на трансакциите.
Сите клиенти, физички и правни лица, кои сè уште ја немаат преземено мобилната апликација S-Banka, можат да ја инсталираат од Google Play и App Store со цел непречено и безбедно користење на услугата за интернет плаќања.
Инсталирањето и активирањето на мобилната апликација S-Banka, може да го направите на два начини:
- Преку преземање на апликацијата од Google Play и App Store и со користење на OneID, на начин објаснет во видео туторијалот.
- Со АТМ активација на најблискиот банкомат, со скенирање на QR код, на начин објаснет во упатството.
Услугата е овозможена за двата типа на пристап на S-Banka, со плаќање или со инфо пристап.
За дополнителни информации, клиентите можат да ја посетат најблиската експозитура или да се обратат во Сервисниот центар на Банката на 02/15 050.
Шпаркасе Банка останува посветена на имплементација на современи дигитални решенија кои обезбедуваат врвна заштита и доверливо банкарско искуство.
Со почит,
Шпаркасе Банка