13 март 2026 г.

Известување за технички прекин во сервисите

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека поради надградба на системот и унапредување на услугите кон клиентите, сервисите за онлајн ажурирање нема да бидат достапни претстојниот викенд (од 14.03.2026, сабота до 15.03.2026, недела).

Ова ажурирање е дел од континуираните активности за унапредување на корисничкото искуство и подобрување на стабилноста и сигурноста на нашите услуги.

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,
Шпаркасе Банка