Во согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност, Шпаркасе Банка АД Скопје, како Акционерско друштво со посебни обврски за известување, го доставува следново тековно соопштение за спроведени промени во органите на Банката:
По добивање на согласности од Извршниот одбор на Народната Банка на Република Северна Македонија, Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ се повторно избрани за членови на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје со мандат од 5 (пет) години.
Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје