ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗМЕНИ ВО ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПАКЕТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Ве известуваме дека Шпаркасе Банка изврши измена и дополнување на Општи правила и услови за користење на пакети за физички лица Измената ќе започне да се применува од 31.03.2026 година.
Измената е следна:
Пакетот за млади Vibe On е наменет за физички лица, резиденти со максимална возраст до 25 (дваесетипет) години. По навршувањето на 25 (дваесетипет) години, физичкото лице, корисник на пакет за млади го губи правото на користење на овој пакет пришто Банката ќе изврши конвертирање во Vibe On+ пакет, за кој се наплаќа провизија наведена во Тарифникот на надоместоци во Банката.
Доколку корисниот на пакет на млади не се согласува на конвертирање на Vibe On пакетот во Vibe On+ пакет по навршување на 25 (дваесетипет) години, должен е минимум 1 (еден) месец пред навршување на 25 (дваесетипет) годишна возраст да испрати барање за затворање на пакетот.
Пакетот за млади Vibe On+ е наменет за физички лица, резиденти со максимална возраст до 29 (дваесетидевет) години. По навршувањето на 29 (дваесетидевет) години, физичкото лице, корисник на пакет за млади го губи правото на користење на овој пакет пришто Банката ќе изврши конвертирање во С пакет, за кој се наплаќа провизија наведена во Тарифникот на надоместоци во Банката.
Доколку корисниот на пакет на млади не се согласува на конвертирање на VibeOn+ пакетот во С- пакет по навршување на 29 (дваесетидевет) години, должен е минимум 1 (еден) месец пред навршување на 29 (дваесетидевет) годишна возраст да испрати барање за затворање на пакетот.
*Согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор ќе се смета дека корисникот на платежните услуги ги прифатил промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози доколку не го извести давателот на платежните услуги-Банката пред датумот на примена на измената дека ги одбива промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози.
Со почит,
Шпаркасе Банка