30 март 2026 г.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗМЕНА НА ТАРИФА ЗА НАДОМЕСТОЦИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

        

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека  Шпаркасе Банка изврши измена на Одлуката на надоместоци за физички лица. Надоместоците кои ќе започнат да се применуваат од 01.06.2026 се следни:

Платежни сметки
1. Одржување на платежна сметка во валута различна од денари, месечно – 60 денари


Пакет производи
1. Месечен надоместок за С Пакет - 160 денари
2. Месечен надоместок за С Пакет Плус  - 200 денари
3. Месечен надоместок за Смарт Пакет - 270 денари
4. Месечен надоместок за Супериор Пакет - 370 денари
5. Месечен надоместок за Премиум Пакет - 490 денари
 

Интернет – банкарство (Net Banking)
1. Месечен надоместок за инфо пристап – 35 мкд
2. Издавање на дигитален сертификат на нов PKI токен во траење од 3 години (Верба PKI) – 5.700 мкд
3. Издавање на дигитален сертификат на сопствен PKI-токен во траење од 3 години (Верба PKI) – 4.700 мкд
 

Мобилно банкарство (S-banking)
1. Се укинува надоместокот за регистрација на корисник, активен профил  - Без надоместок
2. Месечен надоместок, Активен профил – 100 мкд
3. Месечен надоместок, Пасивен профил – 90 мкд

 

Останати надоместоци
1. Од Одлуката на надоместоци за физички лица се укинуваат надоместоците за доставување на податоци на извршители и нотари

 

Трајни налози
1. Се укинува варијабилниот надоместок од 0,01% минимум 20 мкд, и се воведува само фиксен надоместок од 20 мкд за - Траен налог за плаќање на режиски трошоци кон ЈП Водовод и канализација и Tраен налог (доброволен) за интерни плаќања во корист на сметки на истиот имател кон сметки во банката (рати по кредити, кредитни картички* и др.) и кон сметки во други банки.
2. Кон надоместокот за траен налог за плаќање на режиски трошоци се дополнува Македонски Телеком

 

Плаќања преку интернет (електронско) и мобилно банкарство
1. Кон надоместокот за предефинирани налози за режиски трошоци за ЈП Водовод и Канализација Скопје, ЕВН Хоме, ЈП Водовод Охрид  и МTел Скопје се дополнува и Македонски Телеком.

 

За сите дополнителни информации обратете се до нашиот Контакт центар на телефон 02/15050.

*Согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор ќе се смета дека корисникот на платежните услуги ги прифатил промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку, не го извести давателот на платежните услуги-Банката пред датумот на примена на измената дека ги одбива промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози односно не поднесе барање за раскинување на Договорот.

 

Со почит,
Шпаркасе Банка