Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека експозитура Драчево на Ул. Ратко Митровиќ бр.73 -1/2, 1000 Скопје, ќе биде затворена, заклучно со 30.04.2026, четврток. Банкоматот на истата локација ќе остане во употреба.
Ги информираме сите клиенти чија матична експозитура беше Експозитура Драчево дека, со цел да обезбедиме континуитет и квалитетна услуга, од сега ќе бидат опслужувани во Експозитура Кисела Вода, на адреса ул. Божидар Аџија бр. 3, 1000 Скопје.
Покрај мобилното и електронското банкарство за извршување на секојдневните трансакции, во Експозитура Кисела Вода или во која било експозитура на Шпаркасе Банка, нашиот тим ќе продолжи да ви нуди навремена и професионална поддршка бидејќи нашиот приоритет останува вашата удобност, сигурност и непречено користење на сите банкарски услуги.
На располагање Ви стојат и следните најблиски банкомати:
- АТМ Кисела Вода, ул. Божидар Аџија бр. 3, 1000 Скопје
- АТМ Кисела Вода, ул. Сава Ковачевиќ бр.43а, 1000 Скопје
- АТМ Аеродром, Бул. Јане Сандански бр. 113/Б, 1000 Скопје
- АТМ Аеродром, ТЦ Бисер – Никофон, Бул. Јане Сандански бб, 1000 Скопје
- АТМ Ново Лисиче, Рамстор, ул.Февруарски Поход бр.46, 1000 Скопје
Доколку сте корисник на пакет услуги на располагање имате и две бесплатни подигнувања на било кој АТМ во земјата.
Ви благодариме за довербата.
Повеќе информации на 02/15 050.
Со почит,
Шпаркасе Банка