Почитувани,
Шпаркасе Банка ја збогатува својата понуда на дигитални услуги со воведување на нова можност за нашите корисници – дигитален паричник (Wallet).
(Под поимот Дигитален паричник се подразбира специјализирана софтверска апликација за електронско плаќање на трета страна (Понудувач), која по нејзината инсталација и конфигурација на Уредот, овозможува чување на Токенот и вршење безбедни плаќања.)
Услугата дигитален паричник е опционална и ќе биде активирана исклучиво по ваше барање и согласност во самата апликација.
Во согласност со воведувањето на оваа нова технологија, Ве известуваме дека Шпаркасе Банка изврши усогласување, измена и дополнување на договорната документација и Општите правила и услови за картички и електронско банкарство, кои стапуваат во примена од 05.06.2026 година.
Измените се однесуваат на следните документи:
- Рамковен договор за користење на платежни услуги – Новите Општи услови за користење на дигитализирани платежни картички стануваат составен дел од Рамковниот договор.
- Општи правила и услови за картички и електронско банкарство - Извршено е соодветно дополнување и усогласување во делот на користењето на дигитализираните картички преку мобилни уреди кај:
o Општи правила и услови за издавање и користење на дебитни картички за физички лица;
o Општи правила и услови за издавање и користење на кредитни картички за физички лица;
o Општи правила и услови за издавање и користење на дебитни студентски картички за плаќање за субвенциониран студентски оброк;
o Општи правила и услови за издавање и користење на Visa Business дебитна картичка;
o Општи услови за Електронско банкарство.
Согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор ќе се смета дека корисникот на платежните услуги ги прифатил промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози доколку не го извести давателот на платежните услуги-Банката пред датумот на примена на измената дека ги одбива промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози.
Корисникот на платежни услуги да не ги прифати предложените измени, корисникот има право да го раскине рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените без да плати трошок или надоместок за раскинувањето на рамковниот договор, пришто рамковниот договор престанува да важи со датумот на раскинување на договорот од страна на корисникот на платежните услуги.
Наведените измени се достапни во електронска верзија на ВЕБ – порталот на Банката за персонализиран пристап за известувања и документи за платежни услуги, ВЕБ страната на банката и во работните простории на банката.
За сите дополнителни прашања можете да се информирате во експозитурите или на Веб страната на Банката или обратете се до нашиот Контак центар на телефон 02/15050.
Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје