20 јули 2026 г.
Почитувани,
Во рамки на стратешкото партнерство помеѓу Шпаркасе Банка и Visa, започнуваме ново поглавје во развојот на нашето картично портфолио. Со цел да им овозможиме на клиентите уште подобро платежно искуство, пристап до нови картични производи, како и дополнителни поволности и бенефиции, во следниот период Банката ќе спроведе постепена замена на постојните Mastercard платежни картички со нова генерација Visa платежни картички.
Новите Visa картички носат современ дизајн, пристап до глобалната Visa мрежа, како и дополнителни поволности и бенефиции кои ќе бидат достапни за различни категории на корисници.
Премин кон Visa картички :
Целиот процес за замена на картичките ќе биде бесплатен и ќе се одвива постепено. Клиентите на Банката ќе продолжат да ги користат своите постојни Mastercard картички сè додека не ја подигнат и активираат својата нова Visa картичка.
Новите Visa картички ќе бидат поврзани со истата платежна сметка, а условите за користење на сметката остануваат непроменети.
За подигнување на картичките клиентите ќе бидат навремено известени и ќе добијат персонализирана СМС порака со информација:
- во која експозитура може да се подигне картичката;
- од кој датум ќе биде достапна;
- дополнителни инструкции доколку се потребни.
Како дел од ова партнерство Банката воведува три нови производи:
- Visa Infinity
- Visa Signature
- Visa Platinum Business Credit
Воведувањето на новите Visa картички е уште еден чекор во нашата посветеност да им понудиме на клиентите современо, сигурно и понапредно платежно искуство, збогатено со нови поволности и бенефиции.
За дополнителни информации, клиентите можат да ја посетат најблиската експозитура или да се обратат во Сервисниот центар на Банката на 02/15 050.
Со почит,
Шпаркасе Банка